Косово се заканува: Војската ни треба за да правиме суџук

Во истиот денкога се дозволи формирање војска во Косово од страна на Запад, пратеник на партијата "Нисма" чиј претседател е Фатмир Љимај, главен преговарач за Приштина со Белград во Брисел, открил што ќе им биде примарна задача на оружените сили во Приштина.

Вие убивте 14.000 албанци, и ние убивме 1.400 Срби, неможевме повеќе, но од вас ќе направиме суџук – се заканил Мињам Зека

Игор Симиќ, потпретседател на Српката листа ја искоментирал најновата закана:

- Што се однесува на скандалозната изјава, како да се остане мирен и да се одговори на културен начин на такво нешто. Ова е само уште една порака дека живото на Србите во Косово. Кога албански претставници внатре во институциите порачуваат дека од Србите ќе направат суџук, тогаш јасно e дека формирање на косовска војска да биде машина за правење суџук. Најмногу загрижува меѓународната заедница, да се спротивстави на војска и на вакви шовинистички изјави на косовски Албанци.

Аналитичарот Драгомир Анѓелковиќ смета дека судот за злосторствата на ОВК мора да се позанимава со албанските пратеници.

- И од српска страна имало злосторства, но ние ги процесуиравме, но сега господинот директно призна дека е вплеткан во убиство нас 1.400 Срби, иако таа бројка е поголема. Со оваа порака меѓународната зедница мора да ги казни злосторниците од редовите на ОВК, инаку остануваат заканите и ќе се продолжи со убивање.

Од друга страна аналитичарите сметаат дека промените во овој момент се "козметички" и дека останува да се види каков ќе биде ставот на Кфор по тоа прашање...

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари