Косово: Ратификацијата на спогодбата за демаркација повторно изостана

И покрај официјалните најави дека Собранието на Косово денеска ќе расправа и одлучува за демаркацијата на границата со Црна Гора, сепак, тоа не се случи.

Претседателот на Собранието, Кадри Весели, изјави дека за демаркацијата ќе се одлучува во наредните денови. Косовските медиуми информираат дека во прашање е немањето доволно пратеници во Собранието кои би гласале за ратификацијата на Спогодбата за демаркација на границата на Косово со Црна Гора.

Истите извори наведуваат дека „Самоопределување“ и понатаму одбива да гласа за демаркацијата, а пратениците на „Српската листа“ побарале одредени услови за да гласаат за ратификацијата.

Дел од медиумите истакнуваат дека меѓународниот фактор смета оти нема подготвеност за гласање за демаркацијата ниту од премиерот Рамуш Харадинај. Притоа се наведува дека е можно паѓање на владата и предвремени избори бидејќи тешко е да се обезбеди мнозинство за да се изгласа демаркацијата, на која меѓународниот фактор категорично инсистира.

К.М.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари