Косово ја ратификуваше спогодбата за демаркација со Црна Гора

Собранието на Косово по четири прекини поради фрлање на солзавец од страна на пратениците на Самоопределување, успеа да ја изгласа Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора.

Со 8о гласови за и 11 против, Собранието фактички го подржа потпишувањето на Спогодбата која претходно беше потпишана од претседателите на Косово Хашим Тачи и Црна Гора Филип Вујановиќ.

Во текот на целиот ден во тензична атмосфера, пратениците на опозиционото движење Самоопределување се обидоа во четири наврати да предизвикаат прекин на седницата, а по фрлањето на солзавец, дел од пратениците на ова политичко движење беа приведени од страна на полицијата. Според соопштение од Собранието, има и искршен прозор на објектот од надворешната страна. Претседателот на Собранието Кадри Весели изјави дека со максимални напори е исполнет условот да се соберат 8о пратенички гласови.

Инаку премиерот на Косово, Рамуш Харадинај и претседателот Хашим Тачи гласањето за Спогодбата за демаркацијата го објаснија како клучен акт со кој нема да се стави во излолација Косово.

Претставниците на ЕУ и САД во текот на денот бараа од страна на пратениците да ја изгласат Спогодбата за демаркација, бидејки тоа е во интерес на Косово и е услов за либерализација на визниот режим.
К.М.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари