Косово и Србија се согласија да продолжат со дијалогот во септември

Европската Комисија соопшти дека Приштина и Белград се согласиле да продолжат со дијалогот, под посредство на Европската Унија во септември. Дополнително ќе биде одлучено кои прашања ќе бидат дискутирани во последниот круг од преговорите, пренесе државната „Радио телевизија Косово“.

Како што соопшти портпаролот на ЕК, Карлос Мартин, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи се согласиле да го интензивираат дијалогот. Портпаролот откри дека претседателите веќе имале интензивна и продуктивна дискусија за рамката на договорот за трајна нормализација на односите.

„Одржливо решение значи реалистично решение во согласност со меѓународното право“, рече тој.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари