Каталонија како тема

Косачев: Кога го признаа Косово, ја отворија Пандорината кутија

Оние што имаа улога во распадот на Југославија и кои ја призна еднострано прогласената независност на Косово, можеби сфатија дека ја отворија Пандорината кутија, која ќе биде тешко да се затвори, оцени претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација

Константин Косачев

Оние што имаа улога во распадот на Југославија и кои ја призна еднострано прогласената независност на Косово, можеби сфатија дека ја отворија Пандорината кутија, која ќе биде тешко да се затвори, оцени претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев.

Осврнувајќи се на случајот со Каталонија, каде што во неделата се одржа референдум за независност, Косачев укажа на неколку аспекти и на некои заклучоци што ќе може да се извлечат во иднина.

Тој за Каталонија прогнозира дека оваа покраина ќе остане дел од Шпанија, но со поширока автономија.

Косачев смета дека референдумот не може да се игнорира, а како причина за оптимизам гледа во тоа што Мадрид и Барселона покажале спремност на дијалог.

-Поради тоа, верувам дека ќе има долги преговори по кои Барселона ќе остане дел од Шпанија, но под нови услови, со поширока автономија, вели Косачев.

Поврзани

Најнови вести

Коментари