Контрадикторни информации за потеклото на блокираните 20 тони дрога во Италија

За потеклото на запленетите 20 тони дрога канабис -сативас од страна на италјанската полиција Гуардија Ди Финаса во Палермо до сега медиумите во регионот пренесуваат контадикторни информации.

И додека весникот „Зери“ пренесе инфортмација дека дрогата е од албанско потекло, а била пренесена од Црногорските пристаништа, денеска поголемиот дел на албански медиуми наведуваат дека дрогата која е блокирана во бродот со знаме на Панама во Палермо својот пат го започнала од Шпанија кон Турција.

По својот пат од Шпанија кон Турција бродот навратил во Палермо, пишува пак албанскиот весник „Сот“.

Албанската државна радио телевизија во скромната информација наведува дека се запленети 20 тони хашиш и се притворени 11 црногорци кои биле на бродот, дел од нив биле и членови на екипажот.

Во нивната информација не се спомнува потеклото на дрогата.

К.М

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари