logo
logo
logo

КОНТРАУДАР: Ѓоковиќ не е антиваксер, туку СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА КОВИД ЛЕКОВИ

Vecer | 19.01.2022

КОНТРАУДАР: Ѓоковиќ не е антиваксер, туку СОПСТВЕНИК НА ФИРМА ЗА КОВИД ЛЕКОВИ

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ има 80 отсто од акциите во данската биотехнолошка компанија „QuantBioRes“, која развива медицински третман против коронавирусот, потврди извршниот директор на компанијата, Иван Лончаревиќ.

Според Лончаревиќ, светскиот број 1, кој има заработено над 150 милиони долари само од тенисот, купил 80 отсто од акциите во компанијата во јуни 2020 година.

Компанијата од Копенхаген се обидува да развие третман против КОВИД-19 на база на „пептиди“ со што вирусот нема да може да ги зарази човековите клетки. Тие очекуваат оваа година да почнат со клинички тестови во Велика Британија, а имаат истражувачи во Данска, Австралија и Словенија. Лончаревиќ вели дека се работи за третман, а не а развој на нова вакцина.

Оваа вест доаѓа откако Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија поради одбивањето да се вакцинира против КОВИД и му се заканува да не биде пуштен да игра и на преостанатите три гренд слем турнири.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk