logo
logo
logo

Поевтини и покрај предупредувањата на ЕК: Колку чини сега црногорскиот „златен пасош“?

Vecer | 25.06.2022

Поевтини и покрај предупредувањата на ЕК: Колку чини сега црногорскиот „златен пасош“?

Поевтини и покрај предупредувањата на ЕК: Колку чини сега црногорскиот „златен пасош“?

Владата на Црна Гора го намали минималниот износ на потребните банкарски гаранции во процесот на стекнување на т.н. „Економско“ државјанство.

Потребната сума е намалена од 2,5 милиони евра, што е 50 отсто од минималната инвестиција, на фиксен милион евра, соопшти Центарот за граѓанско образование (ЦГО).

„Наместо да ја прекине оваа контроверзна практика, владата на Дритан Абазовиќ дополнително ги стимулира контроверзните бизнисмени од целиот свет и на овој начин ја олеснува процедурата за стекнување црногорско државјанство, отворено пркосејќи им на предупредувањата на Европската комисија“, наведуваат од ЦГО, пренесува банкар.ме.

Од невладината организација додаваат дека Владата ја донела одлуката во четвртокот и потсетува дека ЕК „остро ги критикуваше сите претходни црногорски влади за спроведување на Програмата за економско државјанство, а особено беше експлицитно кога владата на Здравко Кривокапиќ, пред истекот на рокот и без најава , ја продолжи оваа програма“.

„ЦГО нагласува дека тоа не е ветениот прореформски и проевропски пристап на Владата и дека може дополнително да го усложни и онака оптоварениот процес на европеизација“, се вели во соопштението.

Фото: Профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk