logo
logo
logo

Колинда позираше во црвен фустан, и порачаа: „Најубавата жена во политиката“

Vecer | 13.05.2022

Колинда позираше во црвен фустан, и порачаа: „Најубавата жена во политиката“

Колинда Грабар Китаровиќ се пофали со фотографиите од Вашингтон каде беше на доделувањето на наградите на Атлантскиот совет.

Поранешната претседателка позираше во елегантен црвен фустан со машна. Станува збор за модел кој многу наликува на моделот на хрватската марка Krie Design.

„Победници на овогодинешните награди за истакнато лидерство на Атлантскиот совет 2022 се Марио Драги, претседател на Советот на министри на Италијанската Република, Џамала, кантавторка и победничка на Евровизија 2016 година, Клаудио Дескалци, извршен директор на Ени и храбриот украински народ“, напиша Колинда, добивајќи бројни комплименти во коментарите.

„Најубавата жена во политиката“, „Убава“, „Изгледаш феноменално“, се само дел од коментарите.

Фото: ФБ Колинда Грабар

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk