logo
logo
logo

Б92

Кој тука од нас прави МАЈМУНИ?

Vecer | 19.09.2021

Кој тука од нас прави МАЈМУНИ?

Д-р Миленко Шеклер вели дека ковид пропусниците се воведени во многу западноевропски земји уште пред стартот на летото и дека тие треба што поскоро да се воведат и во Србија, пренесува Б92.

Шеклер и посочува дека е предоцна за да се види ефектот од воведување на Ковид пропусници.

-Единствени настани каде овие пропусници беа воведени беа Егзит, Арсенал Фест и уште неколку летни дешаванки. За жал, мислам дека ние многу доцниме и дека нема да имаме ефект со задоцнетото воведување на Ковид пропусници, додава тој.

Шеклер и забележува дека не е сигурен дали во овој даден момент е можно да се извелече максимумот од оваа мерка. Ефектите од истата, Србија ќе можела да ги види доколку била воведена на време, пренесува Б92.

-Човековите и уставните права отсекогаш биле правдани тука. Мене ми е чудно што праксата на Ковид пропусници е воведена во Словенија, Италија, Франција, Австрија и во многу други европски држави а луѓето таму не се жалат за кршење на нивните човекови права. Ми се чини дека во Србија е многу поважно што мислат луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, од оние кои се вакцинирани и кои ги почитуваат сите мерки. А тоа ме потсетува на една поделба на оние граѓани кои плаќаат редовно сметки и даноци и на оние кои не плаќаат ништо. Па после тоа државата договара како да се платат неплатените сметки, со која динамика и дали да им се отпише долгот. Кој тука испаѓа или прави мајмун? Ми се чини дека се во предност оние кои ги кршат прописите, додава тој.

Во медицината два и два не се секогаш четири

Д-р Шеклер посочува и дека благодарение на вакцинираните, здраствениот систем не пропаднал односно дека без вакцините здраствениот систем би доживеал крах.

-Ја поздравувам државата што ги опреми болниците. Ова е за пофалба. За пофалба е и што имаме толку многу вакцини, но не ми е јасно зошто сето ова го уништуваме со однесување кое е несоодветно, додава тој.

Вистина е дека вакцинираните може да се заразат, но процентот е помал, со многу поблага клиничка слика и многу мала веројатност дека ќе се случи нешто несакано.

-Во медицината два и два не се секогаш четири и тоа бидејќи секој човек е свет за себе и секогаш треба да се земав во обзир годините и состојбата на организмот. Кога вакцинираните се заразуваат, болеста трае кратко и шансите за смрт се многу мали, објаснува тој.

Тој и открива дека можноста за повторна инфекција постои кај оние луѓе со прележале корона со многу благи симптоми бидејќи организмот не добил доволен стимул/доволна количина вирус за да стимулира имунолошки одговор.

Д-р Шеклер и посочува дека за овој вирус сега се знае се и дека не е важно дека е малку поразличен од претходните мутации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk