Откако Македонците беа најбројни странци кои се вакцинираа во Србија, сега тие се подготвуваат да бидат бројни и во Бугарија.
Во текот на вчерашниот ден во Бугарија беше пуштена интернет страница преку која може граѓаните да си закажат вакцинација против коронавирусот, а оваа можност најверојатно ќе биде достапна и за околу 70.000 Македонци кои имаат бугарски документи.
Бидејќи електронското пријавување во Бугарија започна во петок, се уште нема информации дали некои Македонци кои имаат двојно државјанство успеале да се пријават за вакцинација кај нашиот источен сосед.