logo
logo
logo

Кој е Даниел Митов - предлогот на Борисов за нов бугарски премиер

Vecer | 14.04.2021

Кој е Даниел Митов - предлогот на Борисов за нов бугарски премиер

Лидерот на ГЕРБ и бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, денеска ја потврди веста дека неговата партија ќе го номинира поранешниот министер за надворешни работи, Даниел Митов, од неговата втора влада во периодот 2014-2017 година за нов бугарски премиер. ГЕРБ тоа ќе го стори за време на консултациите за формирање на новата бугарска Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов веста ја објави во живо на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска, Борисов од Велико Трново најави дека ќе предложи друг кандидат за бугарски премиер со „нова јасна ориентација кон Европа и НАТО“. Името на Даниел Митов тогаш се појави во голем број бугарски електронски медиуми.

Борисов и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договорената нова забрзана испорака на 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“, што се очекува да пристигнат во ЕУ во вториот квартал од годината.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk