logo
logo
logo

Ќучук: Не се согласувам дека историјата е турната некаде под килим

Vecer | 05.08.2022

Ќучук: Не се согласувам дека историјата е турната некаде под килим

Историјата е составен дел на преговарачиот процес, таа не е турната под килим, напротив – Заедничката историска комисија треба да го исполни со содржина нејзиниот мандат“,изјави бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент Илхан Ќучук во интервју за бугарското радио „Фокус“.

На прашање околу заедничкото чествување на илинденското востание  и зошто годинава тоа не се случило, ќучук тоа го припишал на нестабилната политика ситуација.

„Ќе видиме како ќе биде догодина. Но со сигурност, секој заеднички обид да се одбележат такви датуми е задолжителен во нашите односи, ако тие имаат природно разбирање да врват кон иднината, а не кон национализмот, кон градење допoлнителни ѕидови” – изјавил Ќучук.

Тој додава:„сега е дојдено времето да се врати довербата, откако се формализираа односите и тоа праведно, со договор кој треба да ги зацврсти односите меѓу двете земји, со посебен протокол, Треба да бидат направени сите напори од бугарска и македонска страна за да проработат механизмите што се запишани, а не да останат лист хартија без да бидат реално исполнети. И да оставиме спокојно, во рамките на легитимниот мандат историската комисија да бара различни формулации, ако е неопходно – и со дејство на други нивни колеги, доколку тоа го помага процесот. Така што, прашањето е каде сака да биде  Македонија? Знам дека има луѓе кои сакаат да ја извлечат, и политичари кои имаат визија да ја извлечат на правилниот пат, да ја водат, има и такви кои сакаат да ја влечат во обратна насока. Тоа треба да го реши самата македонска елита“ – вели ќучук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk