Рама потврди дека ако нема напредок овој месец, тој ќе побара кандидатурата за членство на Албанија да се разгледува одвоено од онаа на С. Македонија, потег што ЕУ досега не сакаше да го преземе.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека не очекува самитот на ЕУ следната недела да го отвори патот за неговата земја да ги започне преговорите за членство во ЕУ, обвинувајќи ја Бугарија, објави денеска Политико, пренесоа албанските медиуми.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела ја посети Бугарија во обид да ја прекине блокадата на Софија пред претстојниот самит во Брисел в четврток и петок.

Во интервју за Политико, Рама рече дека е песимист.

– Немам очекувања. Мислам дека ништо нема да се случи. Албанија и Северна Македонија нема официјално да започнат разговори за пристап – рече тој.

На прашањето дали некој од лидерите на ЕУ дал сигнал дека разговорите би можеле да започнат наскоро, Рама одговори:

– Какви сигнали можат да дадат? Не се работи за нив. Повторно се работи за Бугарија. Сите тие се согласуваат, сите поддржуваат, секој што мислат дека ова треба се случи и дека веќе требаше да се случи. Но нивниот простор за маневрирање е ограничен од Бугарија.

Рама (57) рече дека не очекува бугарските лидери да ја сменат својата позиција, бидејќи тие го направија спорот толку голем што е многу тешко да се повлече.

– Ова е спирала. Тие влегоа во спирала. И многу, многу е тешко да се излезе од оваа спирала – рече Рама, кој ќе присуствува на состанокот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел пред самитот.

На заедничката прес-конференција по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, тој ја поздрави позицијата на Косово за воведување и спроведување санкции кон Русија.

– Имавме можност да разговараме за односите меѓу ЕУ и Косово и да кажеме дека Западен Балкан е стратешки партнер. Го поздравуваме фокусирањето на Косово на реформите и клучните прашања, како што е владеењето на правото. Разговаравме и за визната либерализација. Внимателно ги слушав аргументите и знаете дека за ова прашање мора да одлучуваат земјите-членки на ЕУ. Треба да се нагласи дека фокусот на Косово треба да биде дијалогот меѓу Косово и Србија и да се спроведат сите договори – рече Мишел.

Тој додаде дека следната недела ќе се сретне со 27 лидери на ЕУ, каде, како што рече, ќе има можности „да покажеме единство за нашите заеднички вредности“.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека Косово е најпроевропската земја во Европа и дека обединета Европа е нецелосна без Косово и Западен Балкан во неа.

Таа рече дека нема луѓе кои се повеќе посветени од Косово на вредностите и слободите што ги претставува ЕУ и дека заложбата на Косово за влез во ЕУ е непоколеблива.

Фото: К.Сингер