logo
logo
logo

ЌЕ ПРЕСТАНЕМЕ ЛИ СО ГЛУПОСТИ? Милановиќ: Инсистираат дека Србите се геноциден народ, а Џаферовиќ носи муџахедини

Vecer | 07.12.2021

ЌЕ ПРЕСТАНЕМЕ ЛИ СО ГЛУПОСТИ? Милановиќ: Инсистираат дека Србите се геноциден народ, а Џаферовиќ носи муџахедини

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ престојуваше во Валпово каде што даде изјава за медиуми, а неизоставен дел беше неговото обраќање била ситуацијата во БиХ.

Ги допре и преговорите за измени на изборното законодавство во БиХ за кои во последните месеци се водат интензивни разговори, во кои модератори се специјалниот пратеник на претседателот на САД за Балканот, Габриел Ескобар и претставвничка на ЕУ Ангелина Ајхортс.

„Водење на бошњачката политика е погубно. Тие се затвориле во буре и преговараат сами со себе. Веруваат дека треторангирани американски дипломати ќе им донесат доминација над Хрватите, имам радосна вест – нема“, рече Миловановиќ.

Запрашан да ги коментира своите претходни изјави за „геноцидот во Сребреница“, Миловановиќ постави контра прашање, „дали хашките пресуди за него се манифест на судбина која мора да се држи“.

“Ќе престанеме со тие глупости, Тоа се тажни и грозни приказни. Што е со Вуковар, кој е систематски уништуван, глувците се убиени, не два дена во околните шуми туку системски. Јас никокој не слушнав во Хрватска да каже дека тоа е геноцид“, рече Миловановиќ.

“Дефиниција за геноцид е каучок дефиниција. Тоа се растегнува. Не е тоа небесен закон. Судот како и да е, и кој и да донел десет пресуди тоа е политичка квалификација. Ако е така тогаш мораме да најдеме друг назив за она што нацистите направиле“, изјавил хрватскиот претседател, му сметало што Србите се сметаат за геноцидни, притоа исто би му сметало тоа да им се прави и на Хрватите.

извор: Ало.срб

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk