logo
logo
logo

ЌЕ И ВРАТИМЕ НА СРБИЈА СО ИСТА МЕРА! Курти се заканува со мерки на репроцитет

Vecer | 02.08.2021

ЌЕ И ВРАТИМЕ НА СРБИЈА СО ИСТА МЕРА! Курти се заканува со мерки на репроцитет

ЌЕ И ВРАТИМЕ НА СРБИЈА СО ИСТА МЕРА! Курти се заканува со мерки на репроцитет

Премиерот на косовските институции Албин Курти изјавил денес дека мерки на репроцитет спрема Белград ќе бидат воведени, но дека за тое е потребна добра подготовка.

Курти на седница на собрание, на која се расправало за првите сто дена на новата влада, рекол дека репроцитет ќе биде воспоставен, но дека несакал тоа да пропадне.

- Ќе се подготвиме, ќе воспоставиме репроцитет и тој нема да пропадне – рекол Курти одговарајќи му на пратеникот на Демократската партија на Косови Фадиљ Нури, кој му поставил прашање кога ќе воведе мерка репроцитет на Белград.

Како што рекол од 2011. година усвоена е резолуција за политички, економски, трговски репроцитет со Србија и тој принцип го изнел на состаноците во Брисел.

Курти рекол дека ако не успее примена на репроцитет, во целост, тогаш тој концепт умира.

- Заинтересирани сме за негова целосна и правилна примена. Взаемноста не е освета, тоа е здрав принцип помеѓу две држави кои ќе бидат еднакви. Репроцитеот не е да се додаваат препреки, туку за нивно отстранување. Сакаме тоа да го сториме за повеќе да не се поништува. Последен пат кога тоа го направивме се одеше добро, а потоа кога е тргнат, за нас стана уште полошо.Ќе го сториме тоа кога добро ќе се подготвиме – рекол Курти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk