logo
logo
logo

Кирил Петков утре ќе добие нов мандат

Vecer | 30.06.2022

Кирил Петков утре ќе добие нов мандат

Шефот на државата Румен Радев утре доцна попладне ќе му го додели мандатот на кандидатот за премиер, предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание „Продолжуваме со промените“, за формирање влада во рамките на сегашниот парламент.

Партијата на досегашниот премиер Кирил Петков има најголем број на пратеници и тоа значи дека тој повторно ќе го добие мандатот за составување на Влада, откако му беше изгласана недоверба претходно во Народното Собрание.

Петков претходно кажа дека неговата партија ќе испрати покана до сите пратеници од партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“, со која беше растурена владеачката коалиција, и ќе ја претстави својата програма за следните шест месеци и за една година. Според него, ако успеат да соберат 121 пратеник, Бугарија за првпат ќе има независна влада и задкусните игри нема да може да влијаат на нејзините активности, како што беше случајот со партијата „Има таков народ“.

Тој го искритикува и бугарскиот претседател Румен Радев, кој никогаш не дал помош за неговата партија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk