logo
logo
logo

Хрватска влегува во Шенген зоната, вето за Бугарија и Романија

Vecer | 08.12.2022

Хрватска влегува во Шенген зоната, вето за Бугарија и Романија

По исвесна напнатост и пауза пред гласањето, со 25 „ЗА“ и 2 гласа „ПРОТИВ“ Хрватска доби зелено светло во Шенген зоната од 1 јануари 2023 година. Како што беше и претходно најавувано Бугарија и Романија добија  црвен картон за пристап кон европската зона без граници од Австрија иако  Холандија дала вето само за бугарија. Министерот за внатрешни работи на Чешка Вит Ракушан изјрази блгодарност и кон Бугарија и Романија за кои што рече дека биле исто така подготвени и се надева дека наскоро ќе дојде нивното време. Министерот за внатрешни работи на Хрвастка, Давор Божиновиќ рече дека неколку годишната и сложена работа вродила со плод.

За бугарската страна одбивањето за влез во Шенген е политичко, изјави министерот за внатрешни работи Демерџиев, кој рече дека Бугарија ќе продолжи да работи за да го промени мислењето на Австрија и Холандија.

Минатиот месец иако Европската комисија препорача трите земји да станат дел од зоната, Австрија беше најгласна во противењето за Бугарија и Романија изразувајќи загриженост дека укинувањето на границите би можело да ги претвори двете држави во сообраќајници за барателите на азил. И Холандскиот премиер Марк Руте предизвика бура реакции алудирајќи дека бугарските граничари се поткупливи, а тоа му пречи на процесот. И дел од експретите предупредуваа дека доколку Хрвастка, Бугарија и Романија останат надвор од зоната, би можело да предизвика нови поделби во ЕУ кога е неопходно единство поради руската воена агресија врз Украина. За други пак, Романија и Бугарија остануваат надвор од Шенген, токму поради нивната геогравска поврзанот со Русија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk