Хрватска: 45 починати, 5732 новозаболени

Од последици предизвикани од корона вирусот починале 45 лица, соопшти Националниот кризен штаб.
Според последните податоци на болничко лекување во болниците низ Хрватска од корона се лекуваат 1717 лица, а 224 пациенти се вклучени на респиратор.
Во Хрватска во моментов има 55499 заболени од коронавирус, а во самоизолација се 25448 лица.
Од 25 февруари во 2020 година па се до денеска во Хрватска се регистрирани 817 435 лица заболени од ковид , починале 13 118 граѓани.