Хрватска: 250 новозаболени, 10 починати

Во Хрватска во моментов има 8.005 активни случаи на инфекција со корона.
На болничко лекување се 650 граѓани, а од нив 25 се вклучени на респиратор.
Досега во Хрватска се регистрирани 1.192.555 случаи на корона вирус, а починале 16.389 лица. Тестирани се 5.066.805 лица, од кои 960 во изминатите 24 часа.
Во Хрватска имунизирани се 59,58 отсто од вкупното население или 70,85 отсто од возрасната популација.