Во понеделникот новосаѓани добија млекомат, па кога одат на пазар можат да наточат и свежо млеко донесено од фарма на Фрушка Гора.

Како што е најавено, млекоматот ќе работи 24 часа, а во понудата има кравјо по цена од 1.30 евра и козјо млеко по цена од 1.70 евра. Пред консумирање млекото мора да се свари бидејќи не е преработено, туку е органско.

До идејата продавачите дошле откако сличен концепт виделе во странство. Од десната страна на апаратот може да се купи и шишенце доколку корисниците не понеле од дома, а од левата страна се става точниот износ на посакуваниот производ затоа што апаратот не враќа кусур.  

Граѓаните сметаат дека покрај тоа што ќе добијат свежо млеко, млекоматот ќе им помогне на фармерите да добијат реална цена за својот производ.

извор