logo
logo
logo

КФОР: Зад насилните протести во северно Косово се криеја криминални групи

Vecer | 09.06.2023

КФОР: Зад насилните протести во северно Косово се криеја криминални групи

Галиени изјави дека „беше јасно“ оти зад насилните протести на Србите во северно Косово, што започнаа пред повеќе од десет дена, „се криеја криминални групи кои се обидоа да ги нападнат трупите на КФОР, јави дописникот на МИА од Приштина.

Галиени на денешната прес-конференција во Приштина рече дека во протестите на 29 мај во општина Звечане беа повредени 30 припадници на мировната мисија, од кои 11 од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, а во наредните денови уште неколкумина други.

-Од 29 мај дополнителни сили на КФОР беа дислоцирани на косовскиот север, откако четворица градоначалници неколку денови порано се обидоа да влезат во канцелариите на сила. КФОР беше таму за да ја спречи натамошната ескалација на протестот и на 29 мај во една општина се случи голем протест, во кој беа инволвирани војниците на КФОР. Во протестот војници беа повредени со камења, импровизирани експлозивни средства и огнено оружје. Беше јасно дека луѓето се обидуваа да протестираат на мирен начин, но исто така беше јасно дека зад нив се криеја криминални групи кои се обидуваа да ги нападнат припадниците на КФОР, изјави Галиени.

Тој додаде дека е задача на косовската полиција да ги открие и да ги приведе припадниците на тие криминални групи кои ги нападнаа мировниците.

Галиени нагласи дека единиците на КФОР се подготвени и обучени да реагираат во случај ситуацијата понатаму да ескалира.

-КФОР моментно ја мониторира ситуацијата и е подготвен да реагира на секаква ескалација на состојбите. Единиците на КФОР се обучени да се соочат со секаков предизвик на полето на безбедноста, порача портпаролот на КФОР. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk