Катимерини: Грчкото знаме е причина за нови тензии меѓу Атина и Анкара

Надежите дека тензиите помеѓу Атина и Анкара можеби ќе стивнат, по телефонскиот разговор помеѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот турски колега, Бинали Јилдирим, беа целосно скршени кога Турција се обиде повторно да го стави под прашање грчкиот суверенитетот во делови од Егејското Море, коментира грчкиот весник „Катимерини“.

Вчера Јилдирим изјави дека турската крајбрежна стража отстранила грчко знаме од ненаселен остров во Егејското Море, чијашто припадност е спорна.

Јилдирим рече дека инцидентот е сличен на оној од 1996 година, кога двата НАТО сојузници завојувале поради ненаселениот остров Имиа, т.е. Кардак на турски – за кого и Турција и Грција велат дека е нивен.

„Нашиот совет за Грција е да се воздржи од провокации и вознемирувања. Решени сме да дадеме соодветен одговор“, изјави Јилдирим.

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос сепак истакна дека нема докази за нарушувања, и ги опиша тврдењата на Јилдирим како провокативни. Тој рече дека Грција никогаш нема да ја прифати тероторијата како „неутрална зона“ , ниту пак ќе остане на страна, кога некој ќе го стави под сомнеж нејзиниот територијален суверенитет.

„Јилдирим треба да биде повнимателен. Ја повикуваме Турција да се врати на патот на меѓународното право“, истакна Цанакипулос додавајќи дека турските власти треба да преземант иницијатива за намалување на тензиите.

Истовремено, портпаролот на грчката влада увери дека тие ќе продолжат да го истражуваат случајот со знамето на мирен и сериозен начин.

Грчките медиуми напишаа дека три деца за време на Велигденските празници пристигнале на островот и го поставиле грчкото знаме.

 

Случајот го коментира и турскиот весник „Хуриет“.

Весникот пишува дека властите во Атина биле навремено известени дека тројца млади луѓе подигнале грчко знаме и имале доволно време за да реагираат. Хуријет додава дека знамето било подигнато во петокот. Властите во Атина биле известени во саботата, но откако не презеле мерки, турските крајбрежни стражари биле испратени на местото за да го отстранат знамето.

Во 1996-та година, спорот за суверенитетот на островот Имија ги доведе двете страни на работ на војната.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари