logo
logo
logo

Што светеше на небото пред земјотерсот?

КАТАКЛИЗМА: Досега, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ СЕ КАЧИ НАД 2.700!

Vecer | 06.02.2023

КАТАКЛИЗМА: Досега, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ СЕ КАЧИ НАД 2.700!

Бројот на загинати од серијата земјотреси во Турција и Сирија продолжува да расте. Досега, околу 20 часот по средноевропско време, потврдено е дека загинале 2.724 лица. Бројот на повредени се искачи на 13.580. Од нив, најмалку 11.119 се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија.

Бројот на загинати во Турција е 1.651. Во Сирија тој број моментално е 1.073 лица. Од нив, 593 лица во Сирија се загинати во областите контролирани од власта на Асадт. Во областа контролирана од паравоената опозиција во Сирија, бројот на загинати се искачил на 480.

Регионот на северозападна Сирија погоден од смртоносниот земјотрес има 4,1 милиони луѓе кои се потпираат на хуманитарна помош, според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Повеќето се жени и деца, а покрај уништувањето предизвикано од земјотресот, сириските бегалци се борат со тековната епидемија на колера во услови на сурова зима со обилни дождови и снег во текот на викендот, според OCHA.

Се очекува бројот на загинати и ранети да продолжи да расте, бидејќи без прекин се работи на урнатините и барање преживеани лица под нив.

Според изјави на сведоците на патот во разурнатата зона има сообраќајки, луѓето бегаат кон Истанбул. Земјотресите во Турција предизвикаа невидена катастрофа, оштетени се околу 2.800 згради, меѓу кои и многу вековни историската знаменитости а псоледна спомната е Јени џамија.

„Рано наутро тргнав од Истанбул за Адана, на пат од илјада километри, сега имам уште околу 200 километри пред мене. Има сообраќајни незгоди на патот, искршени автомобили чекаат помош. Има и Црвен крст со волонтери на патот, многу амбулантни возила, времето е многу лошо, врне снег во моментов“ вели телевизиски репотер од Турција.

Некои патишта се затворени. Беа урнати многубројни историски знаменитости. Тешко е оштетена Јени џамијата во градот Малатија. Оштетени се и многу други џамии, вкупно 2.800 згради според она што досега го објавуваат медиумите.

“Слушам вести на радио. Десетина градови беа тешко оштетени, сега немаат струја, вода и интернет. Многу луѓе од тие градови бегаат во Истанбул. Тие ги бараат своите семејства. Тие се обидуваат да стапат во контакт со оние кои живеат во помалку оштетените области и привремено се преселуваат таму“.

Најголем удар имаше во Караман Меркез, сериозни штети претрпе населението во радиус од 200 километри од градот Адана.

Што светеше на небото пред земјотресот?

Во исто време кога јужниот дел на Турција го потресе силен земјотрес од дури 7,8 степени според Рихтеровата скала, на небото беа забележани молњи и експлозии на силна светлина. На снимките се снимени и некои блесоци кои сега се шират на социјалните мрежи.

Феноменот на молња за време на земјотрес се нарекува „земјотресни светла“ (EQL).

Геофизичарите не се сосема сигурни зошто тоа се случува. Некои веруваат дека громот се јавува кога во близина има голема грешка, додека други велат дека се работи за електричен лак предизвикан од тресење на далноводи.

Погледнете го видеото од молњата што се појави во исто време со земјотресот во Турција:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk