Каракачанов: Ќе гласам против членство на Македонија во НАТО, мојата чаша е прелиена

Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов

Ќе гласам против членстото на Македонија во НАТО, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во интервју за бугарската ТВ Нова.

Јас реагирав правилно. Мојата чаша е прелиена. Не се согласувам Бугарија да прави компромиси за својата историја. Ако не запре фалсификувањето, ќе гласам против членството на Македонија во НАТО. Таканаречениот македонски јазик е измислен во 1945-та година. Нема зошто да молчам. Си го кажав ставот, а воедно и не очекував поддршка, заклучи Каракачанов.

Изјавата на Красимир Каракачанов е одлична можност за контра одговор и создавање на негативни ставови кои ќе нe оддалечат еден од друг и ќе создадат непријателство наместо пријателство.

Ова се вели во декларацијата на македонското Министерство за надворешни работи по повод изјавата на Каракачанов, во кое тој се закани за Република Македонија со блокада на членството во ЕУ и НАТО, ако премиерот Зоран Заев продолжува да тврди дека има македонски јазик.

"Потпишавме Договор за пријателство. Ќе градиме пријателство, но тоа значи меѓусебно почитување, почитување и за интересите на соседот. Република Македонија ќе продолжи и во иднина активна, конструктивна и добрососедска политика, која е во духот на договорот со Бугарија и европските вредности, кој ги почитува двете страни ", се вели во соопштението.

Поврзани

Најнови вести

Коментари