Камион удрил во куќа и речиси целосно ја урнал

Невообичаена сообраќајна несреќа се случила утринава околу 6 часот во Дервишага, во близина на Пожега, кога камионот со приколка излетал од патот и удрил во куќата.

Од силината на ударот куќата речиси се урнала, објавија хрватските медиуми.

Инцидентот, најверојатно е последица на неприлагодена брзина кон условите на патот, пренесе „Јутарњи лист“.

По ударот, камионот ја уништил и оградата на соседната куќа и застанал во дворот.

Сопственичката на срушената куќаа имала среќа да заспие во кујната, бидејќи доколку спиела во спалната соба, не би ја преживеала несреќата, бидејќи таа просторија била речиси целосно уништена, објави хрватскиот весник.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари