Каменос: Не знам од каде му се парите на Коцијас, но знам кој прв го смисли „Северна Македонија“

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, го повтори своето противење на Преспанскиот договор повикувајќи го претседателот Прокопис Павлопулос да го повика Советот на политички лидери и да ја укине спогодбат доколку таа „не ја заштити Грција од иредентизмот на својот северен сосед" .

Каменос, кој зборуваше на Конгресот на младинската партија во петокот, рече дека неговата партија, десно-популистичката Независни Грци (АНЕЛ), ќе се повлече од коалицијата со Сириза и дека министрите од АНЕЛ ќе поднесат оставка, но додаде дека ако опозициската Нова демократија поднесе барање за изгласување на недоверба на владата, тој нема да гласа за тоа, јави Катимерини.

Договорот за името ја подели земјата и има негативно влијание, инсистираше Каменос.

Каменос, исто така, ја нападна поранешната министерка за надворешни работи и пратеник на Нова Демократија, Дора Бакојани, сестра на опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис, велејќи дека името "Северна Македонија" е "нејзин производ". Исто така, го искритикува и поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коцијас, кој го потпиша Преспанскиот договор летоска.

"Овој човек, за кој не знам од каде ги добива парите, го критикува АНЕЛ. Јас му кажувам директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите како Коциас, неизбрани од грчкиот народ ", рече Каменос.

Поврзани

Најнови вести

Коментари