Каменос: Договорот за името може да ја урне владата на Ципрас

Министерот за одбрана на Грција и претседател на „Независни Грци“, младиот партнер во коалицијата на Алексис Ципрас, Панос Каменос, повтори дека неговата партија нема да ја поддржи владата, ако договорот за името стигне до грчкиот парламент, објави грчкиот весник „Катимерини“.

„Ако овој договор стигне на гласање во грчкиот парламент, ние немаме мандат од народот да продолжиме и да останеме во владината коалиција. Мојот прв предлог до премиерот ќе биде луѓето да заземат став на референдум, второ – секоја дискусија по ова прашање да се одложи до крајот на нашиот четиригодишен мандат и трето – да се оди на избори“, рече Каменос.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари