logo
logo
logo

УРНЕБЕСНО ВИДЕО

КАКОВ СВАТ, со зоља „симнувал“ јаболко од кров!

Vecer | 17.05.2021

КАКОВ СВАТ, со зоља „симнувал“ јаболко од кров!

За време на свадбите во Србија обичај е при доаѓањето во куќата на невестата, младоженецот со пушка да погоди и „симне“ јаболко од покривот на куќата. Се пука со пушка, иако имало разно-разни примери во кои сме виделе и други оружја. Додуша овој најновиов и не се гледа така често затоа што овие сватови решиле да бидат помодерни и обичајот да го поткренат на едно ново, повисоко ниво - наместо со пушка дошле со зоља!

Не е познато од каде доаѓа видеото, но очигледно е дека омилена песна им е „Ѓурѓовден“ зашто истата трешти во позадина.

Етнолозите за овој обичај велат дека неговата суштина е сосема поразлична и нема никаква врска со натпреварувањето кој подобро нишани. Според стручњаците целта на овој обичај всушност е правење врева зашто се верувало дека тоа ги брка демоните.

 

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=b0Y3e2Hei8A[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk