Денеска се одржа средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата државници се сретнаа во Сочи, а при доаѓањето на Вучиќ, претседателите на двете земји срдечно се поздравија.

Според медиумите, Вучиќ подготвил специјален подарок за претседателот на Русија, а тоа се сребрена чинија и комплет книги.

Според претходните најави, Вучиќ на оваа важна средба за Србија  со Путин разговарал за различни политички и економски прашања.