Каков гаф: Наместо Денот на независноста, Гугл на Бугарите им го честиташе - Денот на жените!

Најголемиот светски пребарувач на интернет, Гугл, направи гаф кој едни ги налути, а други ги насмеа до солзи!

Гугл денес на бугарскиот домен наместо Денот на ослободувањето од Турција, им го честиташе на Бугарите - Меѓународен ден на жената!

Имено, кога до маусот се застануваше на бугарското знаме, наместо да видат дека знамето е поставено за празникот, нашите соседи имаа чудно изненадување денес.

Гугл подоцна ја исправи грешката и напиша "Среќен ден на независноста на Бугарија".

Инаку, Бугарија одбележува 140 години ослободување од Турција, а централната прослава беше на планината Шипка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари