Сите мислиме дека преку границите на нашата држава е подобро и дека сите наши соништа ќе се остварат таму – во туѓина. Но, како навистина изгледа животот во странство најдобро го почуствувала оваа 29 годишна девојка од Србија која како и многумина ја привлекле приказните на другите за тоа како квалитетот на животот надвор е многу подобар. Па така, таа во 2018 година решила да ја напушти Србија и да замине во Цирих.

-Секогаш бев мотивирана од пари, но во позитивна смисла. Сакам да имам пари во џеб и не ми пречи ниту една валута. Во Цирих не беше како што очекував. А најчесто тоа се случува кога им верувате на квази пријатели, вака Нина Тијардовиќ го започнува својот разговор за Блиц.рс.

Како што објаснува, таа не застанала во Цирих, туку променила повеќе дестинации. Таа ја посетила Хрватска, Германија и Австрија, но вели ниту едно од овие места не предизвикало восхит кај неа.

-Секоја дестинација има своја приказна но морам да признаам дека ниту една не е убава. Но сепак супер си поминав со оглед на тоа дека можеше да биде и полошо. Мајка ми вели дека од мала одам со главата таму каде што никој не оди со нозе. На 29 години, кога ќе погледнам наназад би рекла дека се согласувам со неа, продолжува Нина.

Иако во странство таа не ја нашла очекуваната авантура и чуство на топлина, сепак Нина решила да сподели едно од нејзините најубави искуства таму, а кое е поврзано со местото од каде потекнува.

-Ќе споделам со вас приказна од Хамбург. Случајно, останав без пари и пријатели и во раните утрински часови на 1 јануари 2019 година. Врнеше снег и дуваше и без премрзната. Хамбург ми остави ладно сеќавање и тоа во секоја смисла. Еден од најдепресивните периоди во мојот живот. Неколку дена пред Нова Година запознав дечко од Србија и разменивме броеви. Тој ми кажа дека доколку нешто ми треба, слободно да го побарам. Ми кажа дека сака да ми помогне бидејќи е свесен колку е тежок почетокот во странство. Па така решив да му се јавам. Светло на крајот на тунелот. Небојша живееше во друг дел на Хамбург, заедно со неговиот пријател Томиќ. Тој ми крена и веднаш дојде да ме собере. Ме однесе во нивниот стан и ми дозволија да преспијам. Искрено кај нив се чуствував како дома, додава Нина.

Како што откривал соговорничката на Блиц.рс таа никогаш не била голем верник но сепак тој Бадник посакала да ја почуствува својата куќа и топлина.

-Се ближеше Божиќ, а во мојот дом во Србија овој празник традиционално се одбележува. Јас не сум била во црква со години – иако ја почитувам верата и вербата на сите. Ноќта пред Бадник седевме кај Небојша и Томица и тие ми предложија да одиме до Православната Црква. Не бев воодушевена од идејата но реков ајде ќе одам. Утредента заминавме кон црквата. Беше многу ладен ден но ова кое го видов таму ми ја згреа душата. Пред црквата беа голем број насмеани луѓе, наши луѓе. Разговараа, се гушкаа, купуваа топли пијалоци…Бев воодушевена од атмосферата особено кога се палеше бадниковото гранче. Моето друштво беше насмеано, имено сите беа насмеани. Вечерта ја поминавме во смеа и радост, топлина и чуство кое нас не врзува за дома, вели таа.

Нина, тогаш сфатила дека носталгијата не е поврзана со домот или дворот, туку со чувството кое го знаат само оние кои заминале од Србија.

-Дом можеш да направиш каде сакаш. Но емоциите менталитетот, разбирањето, слободата, вкусот и мирисот – е тоа не постои нигде, во ниеден град, место освен дома. А тоа чуство не го купуваат ниту едни пари во светот. Грижете се еден за друг, не завидувајте и запомнете дека може да го снемате она кое сега го поседувате. Помагајте си и сакајте се, заклучува Нина.