logo
logo
logo

Како Мило „КУРТУЛИ“ ЗА КРАТКО

Vecer | 01.10.2022

Како Мило „КУРТУЛИ“ ЗА КРАТКО

Претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ, го врати предлогот на 41 пратеник да се покрене постапка за да се утврди дали црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ го прекршил Уставот и да бие разрешен бидејќи, како што рече, двете постапки мора да бидат одвоени.

-Доставениот Предлог во насловот, а подоцна и во образложението содржи поведување на постапката, која во своето процесно, но и суштинско правно значење има две фази кои подразбираат, но и бараат посебни предлози - вели Ѓуровиќ во дописот, пренесува РТЦГ.

Таа рече дека тие фази се препознатливи во самиот наслов на поднесениот Предлог, но во него се посочени како една постапка. Како што наведе таа, Уставот на Црна Гора и Деловникот на Собранието јасно ја прецизираат процедурата.

Според неа, од тие прописи недвосмислено произлегува дека во конкретниот случај потребно е доставениот акт да се поправи и да се наслови како предлог за поведување постапка дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот.

Дури по завршување на постапката по тој предлог и усвојување на одлуката на Собранието дека претседателот го прекршил Уставот, се исполнети условите да се предложи натамошно продолжување на постапката и согласно исполнувањето на условите да се поднесе предлог за разрешување – рече Ѓуровиќ.

Таа посочи дека бидејќи во поднесениот акт е споен предлогот за две постапки, доставениот предлог треба да се коригира и усогласи со одредбите од Деловникот.

Како што појасни таа, тоа значи дека актот треба да се формулира како предлог за поведување постапка дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот и ги повикал да го донесат во оваа смисла.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk