Јункер: Не смееме да го испуштиме од вид Западен Балкан

Европската унија мора да го дефинира на неотповиклив начин нашиот однос кон зачленувањето на земјите од Западниот Валкан, во спротивно други ќе го обликуваат нашето непосредно соседство, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за време на своето годишно обраќање пред Европскиот Прарламент.

Западен Балкан не смееме да го изгубиме од вид, тој регион не може да се игнорира, бидејќи другите уште повеќе ќе го зголемат своето влијание таму, додаде Јункер во својот говор.

„Ние треба да најдеме единствено решение кога станува збор за земјите од Западен Балкан еднаш и засекогаш. Ако не го направиме тоа, нашето непосредно опкружување ќе го облукваат други“, рече тој.

Јункер во својот говор неколку пати го нагласи значењето на обединување на ЕУ, која треба да делува како една обединета Европа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари