Јоксимовиќ: Се надевам дека Хрватска нема да ја блокира Србија

Српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ се надева дека Хрватска нема да ја блокира Србија на европскиот пат.

Како што рече, причина за стравување од такво сценарио е тоа што досега се покажало оти билатералната рампа за време на преговорите ја поткопува довербата во кредибилитетот на процесот на преговарање.

Таа за „Данас“ изјави дека не би ја изненадило доколку Хрватска направи такво нешто, меѓутоа тоа не ја фрустрира, бидејќи знае дека доколку Србија денес е членка на ЕУ, покрај многуте реформи кои треба да ги спроведе, може да допринесе во многу сегменти од заедничката политика на ЕУ.

Јоксимовиќ смета дека Србија е на добар пат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари