Јоханес Хан: Добро е да сте во Косово!

Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер разговарал со претставниците на косовските институции.

Комесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан, кој е во делегација на ЕУ допатувал во Приштина, напишал на Твитер дека е "потребно целиот регион да напредува".

"Добро е да се биде на Косово. Треба да го подигнеме целиот регион напред, на база на индивидуални заслуги", напишал тој.

Непосредно по доаѓање во Приштина делегацијата на ЕУ предводена од претседателот на ЕК Жан Клод Јункер започнале разговори со претставниците на косовските институции.

Во делегацијата на ЕУ била и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Поврзани

Најнови вести

Коментари