logo
logo
logo

“Јас сум ВИСТИНСКИОТ КОСТА...“ На Твитер се појавуваат постови од малолетниот масовен убиец

Vecer | 24.05.2023

“Јас сум ВИСТИНСКИОТ КОСТА...“ На Твитер се појавуваат постови од малолетниот масовен убиец

Тик-Ток видео емитувано во живо во кое момче со непознат и модификуван глас се претставува како напаѓачот Коста Кецмановиќ кој го изврши масакрот во Врачар ја разбранува српската јавност. Луѓето во коментарите бараат полицијата да провери за чиј профил станува збор.

„Јас сум вистинскиот Коста“, вели гласот од снимката.

Снимката беше пресподелена на Твитер.

Познато е дека Коста К. беше задржан на Клиниката за психологија и неврологија каде постојано прашува кога ќе излезе и дали е ѕвезда на социјалните мрежи.

Неговите родители се под истрага. Неименуван извор вели дека таткото на Коста К. е во тешка психичка состојба во притворското одделение, не комуницира со другите затвореници, ниту со персоналот во Централниот затвор и во очај само спомнува што направил неговиот син.

– Знае дека за него и за неговиот син зборува цела Србија, но и цел Балкан и дека нема оправдување за направеното зло. Затоа одлучил да не разговара со никого, бидејќи смета дека зборувањето за тоа и слушањето туѓи коментари би ја влошило неговата состојба уште повеќе – објаснува анонимен извор.

Основното јавно обвинителство во Белград поведе постапка против мајката на Коста К. поради сомнение дека го запуштила и дека не се грижела за својот малолетен син.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk