logo
logo
logo

ЈАНША: „Верувам дека некои се многу нервозни“

Vecer | 22.05.2021

ЈАНША: „Верувам дека некои се многу нервозни“

Словенечкиот премиер Јанез Јанша се изјасни против одржувањето на предвремени парламентарни избори за време на претседателството на Словенија со Европската унија, што започнува на 1 јули, затоа што, како што објасни, тоа би значело дека Љубjана се занимава сама со себе кога треба да се справува со проблемите на другите.

„Верувам дека некои се многу нервозни затоа што привилегиите на кои се навикнати повеќе не можат да се земаат здраво за готово“ - рече Јанша во петокот вечерта за ТВ Словенија по повод повикот за предвремени избори.

Тој апелираше до оние кои веруваат дека угледот на земјата е важен за „да се даде нешто за градење на државата“, нагласувајќи дека „малку здрав разум не би повредил во овој момент“.

Јанша предупреди дека доколку Словенија самата го уништи својот углед за време на претседателството со ЕУ, последиците ќе ги сносат следните влади.

На почетокот на април, четири опозициски словенечки левичарски партии ја претставија идејата за отповикување на премиерот Јанез Јанша пред Уставниот суд, обвинувајќи го за кршење на уставот, законите, како и за лош третман на здравството, медиумите, обвинителите и човекот и уставни права.

Минатата недела словенечкиот парламент не ја потврди агендата на седницата, на која требаше да се расправа за предлогот на опозицијата за уставна жалба против Јанша, што опозицијата го смета за нов доказ за политичка блокада за која се потребни нови предвремени избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk