logo
logo
logo

Јанша "куртули": Владата го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Vecer | 16.02.2021

Јанша "куртули": Владата го преживеа гласањето недоверба во парламентот

Предлогот на опозицијата за гласање недоверба на влада на словенечкиот премиерот Јанез Јанша не помина. Впрочем, предлогот беше поддржан од само 40 пратеници, или за шест помалку од потребниот број.

Против изгласување недоверба на владата со тајно гласање се изјаснија седум пратеници во 90-члениот парламент, шест гласа беа неважечки, додека мнозинството пратеници во владеачката коалиција беа воздржани.

Во текот на целодневната расправа во парламентот, опозицијата тврдеше дека го доставила предлогот заради воспоставување демократија во Словенија, која, како што проценуваат, под водството на Јанша се лизга кон автократија.

Опозицијата ја обвини владата дека не ги почитува основните принципи на Уставот, вклучувајќи ја и поделбата на власта и слободата на печатот и за загрозување на остварувањето на човековите слободи и владеењето на правото во земјата.

Јанша во својот говор кажа дека неговата влада направила многу повеќе од претходната и покрај тешката епидемиолошка состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk