Ја отпуштиле од породувалиште со туѓо бебе

Во породувалиштето на Клиничкиот центар во Црна Гора се случил инцидент при што мајка била пуштена со туѓо бебе, објави РТЦГ.
Откако го презеле бебето од бабицата и го науштиле породувалиштето, родилката и нејиниот сопруг не ни претчуствувале дека детето не е нивно, а прв се посомневал таткото кој забележал дека бебето е многу поситно.

Кога стигнале дома, мајката го отповила бебето и забележала дека бројот на алките не им е ист. Веднаш се вратиле во породувалиштето, каде ги чекало нивното бебе.

„Во моментот на отпустот медицинската сестра, како и бабицата, не забележале дека мајката и бебето немаат ист број. Пропустот настанал поради несовесна и неодговорна работа, бидејќи сестрата не се придржувала до процедурата и протоколот во врска со отпустот на родилката и новороденчето. Наведениот пропуст веднаш бил воочен и отстранет“ се наведува во соопштението од Клиниката.

Директорот на клиниката за гинекологија и акушерство за инцидентот веднаш ја известил управата на Клиниката, а против одговорната сестра е покрената дисциплинска постапка, поради промена на работното место и суспензија.

Од клиниката соопштиле дека во иднина во моменти на отпуст, покрај мајката ќе присуствуваат уште три лица од клиниката, еден ноенаталог и две медицински сестри.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари