Селџимај, кој е адвокат на семејството на постарата жена која била физички малтретирана во дом за стари лица, нагласи дека обвинителството се уште не поднело обвинение против неа.

„Според информациите што ги имам, Аурона Пељај можеби побегнала во Германија. Така се зборува последните денови. Обвинителството се уште не ги завршило своите истраги.Обвинителството се уште нема поднесено обвинителен акт до судот и судот се уште немал можност да ја повика Пељај. Таа мора да се појави со поканата, а доколку не се појави се преземаат мерки за распишување потерница“, изјави тој за Еуроњуз Албанија.

Врховниот суд на Косово одлучи да им го укине притворот на трите медицински сестри кои беа уапсени поради физички напад врз постара жена во дом за стари лица во Пеќ, на почетокот на ноември минатата година.

Во одлуката на Врховниот суд, пишува Коха, се наведува дека на обвинетите им е прекинат притворот и дека тие се пуштени да се бранат од слобода.