logo
logo
logo

Италијанската полиција уапси тројца Албанци - Сокриле 82 килограми кокаин меѓу банани

Vecer | 28.03.2023

Италијанската полиција уапси тројца Албанци - Сокриле 82 килограми кокаин меѓу банани

Италијанската полиција уапсила тројца Албанци откако во акција против шверц на дрога пронашла 83 килограми кокаин скриени во контејнер со банани во пристаништето во Савона во Италија, јавува Репортери.

Истрагата ги идентификувала шверцерите од албанска националност, кои тајно влегле во пристаништето во италијанскиот град Савона.

„Тројца Албанци на возраст од 33, 28 и 23 години, жители на италијанскиот град Пиза, се уапсени под обвинение за шверц на дрога, а подоцна се префрлени во затвор“, информира италијанската полиција.

Дрогата запленета во пристаништето во Савона, Италија, била испратена од Еквадор.

Контејнерот бил отворен и прегледан, каде била откриена пратката со дрога, кокаин, која била скриена меѓу бананите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk