logo
logo
logo

Истражување на „Глобсек“: Црна Гора е најруската членка на НАТО, две третини од Македонците се приврзани кон Русија

Vecer | 06.05.2021

Истражување на „Глобсек“: Црна Гора е најруската членка на НАТО, две третини од Македонците се приврзани кон Русија

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето на институтот „Глобсек“ од Братислава.

Студијата се занимава со влијанието на Русија врз земјите од Централна и Источна Европа и Западен Балкан. Резултатите од извештајот се базираат на анкети на јавното мислење, а анкетирано е населението на Македонија, Бугарија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија и Словачка.

Граѓаните на Македонија имаат многу мала перцепција дека Русија е закана. По Србија, Северна Македонија најмногу верува дека Русија е најсилната светска велесила, додека две третини од населението негува чувство на поврзаност со Русија преку словенското братство. Една третина од граѓаните сметаат дека НАТО е одговорен за докажување на Русија и дека Западот неправедно ја обвинува Русија за разни дела, се наведува во истражувањето.

Црна Гора е земја која е најмногу проруски ориентирана од сите членки на НАТО, покажа истражувањето.  Според истражувањето, мнозинството граѓани на Црна Гора сметаат дека Русија е братска земја, поради што ја прифаќаат реториката што ја претставува Русија како жртва.

Според наодите на „Глобсек“, поддршката на Црна Гора за Запад е 35 проценти, додека 25 проценти од испитаниците се ориентирани кон Исток, што е убедливо најголем процент од сите земји опфатени со истражувањето.

Младите во Македонија, како и нивните врсници од Црна Гора, Србија и Унгарија, честопати ја гледаат Русија како стратешки партнер.

„Објаснувањето е веројатно во фактот дека тие (младите) се родени значително по завршувањето на комунизмот, поради што тие почесто стануваат жртви на проруската и антизападната политика. Граѓаните на Црна Гора, 38 проценти од нив, веруваат дека Русија е најважниот стратешки партнер. Од сите девет земји во кои беше спроведено истражувањето, 59 проценти од граѓаните на Србија ја гледаат Русија како доминантен партнер“, се вели во извештајот на „Глобсек“.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk