Истрагата на железничката несреќа во Грција покажала дека шефот на станицата не бил обучен

Полицијата приведе четворица железнички работници, вклучително и дежурниот шеф на станицата, откако обвинителот ги обвини за попречување на јавниот превоз што доведе до смрт на 57 лица во директен судир меѓу патнички и товарен воз во централна Грција на 28 февруари.
Осврнувајќи се на програмата за обука што ја поминал дежурниот шеф на станицата со другите вработени, регулаторот рече дека не нашол докази за „соодветна и сеопфатна теоретска обука и обука на работното место“ како што се бара.
Во соопштението на регулаторот се наведува и дека врз основа на досега собраните податоци, постојат „силни докази“ дека обуката дадена на клучниот персонал во железницата била „недоволна и затоа несоодветна“. Грчката агенција за железничка инфраструктура ОСЕ, која ја надгледува програмата за обука, рече дека детално ќе одговори на приговорите на регулаторот, заедно со документацијата.