logo
logo
logo

Историска судска победа: Центарот за македонски јазик во Грција нема да биде забранет

Vecer | 19.03.2023

Историска судска победа: Центарот за македонски јазик во Грција нема да биде забранет

Ова доаѓа откако пред три дена  Основниот суд во Лерин ги одбил сите тужби за укинување на овој центар, кои беа поднесени од неколку ултранационалистички грчки движења и мали партии.

Од Центарот за македонски јазик го изразуваат своето нескриено задоволство за судската одлука, која ја сметаат за историска победа во децениската борба за основните човекови права на Македонците во Грција. Еден од основачите на Центарот Јоргос Пападакис во изјава за Канал 5 вели дека е  позитивно изненаден од одлуката на судијката во Лерин, која според него покажува дека полека, но сигурно, работите се менуваат и во Грција.

„ Судијката многу јасно образложението беше дека Здружението центарот на македонски јазук не е против Грција, ниту сака да створи малцинсто, ниту сака една територија од Грција да ја носи во туѓа држава и такви глупости кои беа напишани до сега исто јасно беше дека до сега може да продолжи да работи оти никаква закана за уствниот мир не конститутира нашето здружение. “-Јоргос Пападакис - Член на ЦО на „Виножито“.

Во следниот период, Пападакис вели дека Центарот ќе организира часови на македонски јазик  и со физичко присутво, а каде ќе се случува тоа дополнително ќе информираат. Освен ова, вели ќе бараат и офИцијална поддршка од Министерството за образование на Грција и Универзитетите за изучување на македонскиот јазик.

„ Знаете дека имаме онлајн часови на македонски јазик, имаме еден многу богат канал на Јутјуб. Следен чекор би било од лето да почнеме и физички да имаме часови во Леринско, па ќе видиме и понатаму да одиме до Воденско и други места каде што живеат Македонците и да продолжиме со тие часови на македонскиот јазик. “-Јоргос Пападакис - Член на ЦО на „Виножито“.

Во тужбата против регистрацијата на Центарот, која сега е одбиена, Јавната обвинителка Анастасија Калаици се повика на нејзиното толкување на Преспанскиот договор дека македонскиот јазик е распространет само во рамките на границите на Македонија, а се зборуваше и за обид за создавање малцинство.

Официјалната регистрација на овој Центар се случи во ноември лани, а одлуката на грчкиот суд претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик од државните органи по еден век.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk