logo
logo
logo

ЕКСКЛУЗИВНО:

ИСПОВЕД НА МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ од ДУБОНА: Смртта би ми била спас, не можам да живеам како мајка на МАСОВЕН УБИЕЦ

Vecer | 02.06.2023

ИСПОВЕД НА МАЈКАТА НА УБИЕЦОТ од ДУБОНА: Смртта би ми била спас, не можам да живеам како мајка на МАСОВЕН УБИЕЦ

Билјана, мајката на Урош Блажиќ, од денот кога тој во крвав пир уби осум и тешко рани 14 лица во Дубона и Мали Орашје кај Младеновац, е во тешка психичка состојба. Во ексклузивно интервју за српска „Република“ таа првпат јавно зборува за нејзиниот син и масакрот што тој го направи.

- Пред да замине од кај нас вечерта, ме бакна, му рече на татко му: „Чао бајо“, а на дедо му му рече утре наутро во седум да запали оган и дека ќе дојде да печат прасе и јагне. Ми ги остави калливите патики да ги исперам, и отиде во влечки. Ме замоли да додадам малини во колачот што го подготвував кога си замина. Апсолутно ништо не укажуваше на тоа дека ќе… Мислев дека се самоубил кога убил и ранил толку луѓе, но го најдоа утрото, вака низ солзи раскажува Билјана Блажиќ и ги опишува најтешките моменти во својот и животите на семејствата на осумте млади луѓе кои на 4 мај ги уби нејзиниот син Урош во Дубона и Мало Орашје.

Оваа скршена жена си ја отворила душата за да изјави дека жали за секоја жртва на својот син, дека се моли за оздравивање на оние кои ги повредил, но и дека како родител неповратно е поразена и згазена.

Во селото дури и роднините на жртвите на нејзиниот син зборуваат за Билјана како добра и благородна жена. И бабата на повреденото девојче Невена Вујиќ, на која раката и беше ампутирана откако Урош ја рани, рече дека мајка му неколку пати и помогнала нејзе и на нејзиното семејство, како и на други мештани кои се лекувале во ВМА, каде што е вработена како болничарка.

-Бабата на Невена одела кај Блажиќ за да побара помош околу лекувањето на нејзиниот сопруг кој бил инвалид, а таа жена правела се за неа, давала инструкции, закажувале прегледи и се друго што било потребно. По хоророт што се случи, бабата кажа дека има само пофални зборови за мајката, братот и снаата на убиецот, изјавил роднина на Вујиќи.

 

УНИШТИ СЕ ОКОЛУ СЕБЕ

 

 

ИМАШЕ СЕ ШТО ПОСАКА

 

- Немам сила да го сретнам, што да му кажам после се?! Ме мачи постојано прашањето зошто го направи тоа, како се претворил во чудовиште кога ништо не укажуваше на невиденото зло. Со брат му ги воспитавме да бидат добри луѓе и да сакаат. Тој не беше изрод, само жив и палав тип. Не потфрливме, па да не го лекуваме доколку забележавме дека е ментално болен, но не видовме никаков проблем кај него. Не го покажуваше тоа и не беше насилен. Тој беше разгален и навикнат да му се удоволува. Имаше се што сакаше. Живеевме за него и за другиот син, кој е 10 години помлад од него. Кога се роди, донесе радост, а денес... Не би му го посакала ова на црниот непријател, оној најлошиот, бидејќи ова е незамисливо мачење. Никој што не е во мојата кожа не може да го разбере ова. Да живееш за него и му даваш се, а тој си го приредува ова и себе и тебе... - вели очајната жена.

По паузата во која се мачела да продолжи со признанието, Билјана рекла дека секоја солза на убиените членови на семејството ја боли и дека со целото битие сочувствува со нив.

- Му се поматил умот, верувам дека ни не знаел каде оди и што прави. Пукал добри деца без да биде свесен. Цел ден беше дома со татко му, а јас и снаа ми купувавме храна за прославата. Кога се вративме, почнавме да подготвуваме храна и Урош потоа отиде во својот дом, кој е на пат за Шепшин. Ме замоли да му дадам нешто за да ги нахрани кучињата, рекла Билјана, а потоа низ солзи раскажала дека на Урош му опремиле еден кат во викендицата и му купиле машини, фрижидер и му дале 10 хектари земја кога тој рекол дека сака да живее на село.

Урош тајно се вооружувал

По апсењето на Урош, полицијата на имотот на Блажиќ пронашла многу нелегално оружје и муниција и затоа го уапсила неговиот татко Радиша, поранешно воено лице, а за истото дело е уапсен и вујкото на Урош, Горан Г. од Вињиште, на чиј имот се криел Урош по злосторството. Билјана тврди дека нејзиниот сопруг е невин.

- Оружјето што беше пронајдено и одземено го набавил Урош, но не знам како и кога. Кај него се е најдено, а не знам ни што ни колку. Кај нас не беа пронајдени ниту пиштоли, ниту друго оружје, освен два пиштола, за кои Урош и неговиот брат имаа дозволи. Нив јас ги донесов и ги предадов на полицијата, а се вели дека нашле цели сандаци. Верувам дека ДНК и истрагата ќе покажат чие е оружјето и дека Радиша нема никаква врска со тоа и дека е невин во притвор, истакнала Билјана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk