Интеграциите на Западен Балкан ќе бидат приоритет и за австриското претседателство

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц најави во Софија дека за веме на преседавањето на Австрија со Европската Унија од 1-ви јули, интеграциите на Западен Балкан ќе бидат приоритет.

Тој додаде дека очекува во шесте месеци од австриското претседателство да биде постигнат напредок, особено кога станува збор за Србија и Црна Гора.

„Оптимист сум за Србија и Црна Гора, а за Македонија се надевам дека ќе напредуваме во решавање на спорот со името“, рече Курц.

Канцеларот ја пофали Бугарија за организирањето на Самитот, додавајќи дека Австрија ќе продолжи по истот пат во однос на интеграциите за Западен Балкан.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари