Инфлацијата во земјата почнала да расте минатата есен, кога лирата нагло падна откако централната банка постепено ја намали основната каматна стапка за 500 базични поени на 14 отсто во циклусот на монетарно олеснување што го бараше претседателот Реџеп Таип Ердоган.

На месечна основа, потрошувачките цени во јули пораснале за 2,37 отсто, објави турскиот Завод за статистика. Се предвидувало дека на годишно ниво инфлацијата на потрошувачките цени во јули ќе изнесува 80,5 отсто.

Џејсон Туви, виш економист за пазарите во развој во Капитал Економикс, рече дека годишната инфлација можеби се приближува до врвот, со оглед на остриот пад на инфлацијата на енергијата и инфлацијата на цените на храната што се чини блиску до врвот.

„Дури и ако инфлацијата е блиску до врвот, таа ќе остане блиску до сегашните многу високи стапки неколку месеци“, истакнал Тувеј. „Остриот и непредвидлив пад на курсот на лирата останува клучен ризик“, рече тој.

Најголем годишен раст на потрошувачките цени е забележан во транспортниот сектор од дури 119,11 отсто, а кај храната и безалкохолните пијалоци се зголемило за 94,65 отсто.

Инфлацијата оваа година дополнително била поттикната од економското влијание на руската инвазија на Украина, како и од континуираниот пад на лирата, која минатата година ослабе за 44 отсто во однос на доларот, а оваа година паднала за уште 27 отсто.

По објавувањето на најновите податоци, лирата се тргувала по главно непроменет курс од 17.956 лири за долар. Во декември неговата цена накратко падна на рекордно ниско ниво, па за доларот мораше да се издвојат 18,4 лири.

Годишната инфлација сега е на највисоко ниво од септември 1998 година, кога достигна 80,4 отсто, додека Турција се бори да стави крај на една деценија хронично висока инфлација.

Турската влада најави дека инфлацијата ќе ослабне благодарение на нејзината економска програма, која им дава приоритет на ниските каматни стапки за да го поттикне производството и извозот и има за цел да постигне суфицит на тековната сметка.

Ердоган рече дека очекува инфлацијата да се спушти на соодветно ниво до февруари и март следната година, а минатиот четврток централната банка ја зголеми проценката за инфлацијата за крајот на 2022 година на 60,4 отсто, од претходно проектираните 42,8 отсто.

Опозициските претставници и економистите ја доведуваат во прашање веродостојноста на податоците на Турскиот статистички институт (ТУИК), кои ТУИК ги отфрла. Анкетите покажуваат дека Турците веруваат дека инфлацијата е многу повисока отколку што покажуваат официјалните податоци.