logo
logo
logo

ИНЦИДЕНТИ ВО ХРВАТСКА: Хрвати во ОДБРАНА на Македонија

Vecer | 28.05.2021

ИНЦИДЕНТИ ВО ХРВАТСКА: Хрвати во ОДБРАНА на Македонија

Во Хрватска во изминатите неколку денови се случиле неколку инциденти поврзани со бугарски државјани, за што амабсадорката на Бугарија во Загреб, Генка Василева-Георгиева ги известила надлежните органи, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Според пријавата на амбасадорката Георгиева, како што наведува весникот, хрватската полиција работи на два случаја.

– Во првиот, таксист остро и приговорил на Бугарка која влегла во неговото возило: „Вие Бугарите со својата валкана политика кон Македонија доаѓате овде во нашата убава Хрватска“, а потоа застанал и ја замолил да го напушти возилото. Во вториот случај, бугарска државјанка пријавила дека кон неа и кон нејзиниот сопруг биле фрлени предмети на пазар. Продавачот почнал да ја навредува бугарската државјанка, затоа што, како што пишува во пријавата, „Бугарија ја уценува несреќна Макеоднија“. Во трет случај, наводно, на син на Бугарка му бил забранет пристап во градинка во Загреб, но случајот е решен, додава „Јутарњи лист“.

Весникот наведува дека за инцидентите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвинил претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој минатата недела остро ја критикуваше Бугарија поради блокирањето на почетокот на преговорите за членство на С Македонија во ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk