logo
logo
logo

ИМАТЕ 24 ЧАСА Вучиќ ја крева војската

Vecer | 13.10.2021

ИМАТЕ 24 ЧАСА Вучиќ ја крева војската

Претседателот на Србија Александар Вучиќ наредил кревање на борбената готовност на територијата на земјата.

Доколку НАТО во рок од 24 часа не ги заштити Србите на Косово и Метохија на кои им се заканува етничко чистење после најновиот упад на специјалците на РОСА на север на КиМ и ранување на еден Србин во Звечане, тоа ќе го стори Војската на Србија

После драматичната сцена во Косовска Митровица и упадот на единиците на РОСА , кои кулминирале со ранување на Србин од страна на албанските специјалци, претседателот на Србија Александар Вучиќ итно се состанал со српските претставниците на КиМ.

Претседателот на Србија и Владата на Србија ќе донесат одлука доколку НАТО, односно КФОР не реагира во рок од 24 часа и не се заштити загрозеното српско населени на Ким тоа ќе го стори Војската на Србија.

Претседателот Вучиќ пристигнал во гарнизонот на Војската на Србија во Рашка каде што ги обиколил војниците, а потоа ќе ги обиколи и единиците на Жандармеријата во таа област.

Инаку претседателот Вучиќ гостувајќи во емисијата “ХитТвит“ на Тв Пинк 26.септември веќе зборувал за можна интервенција на Косово и Метохија доколку НАТО во рок од 24 часа не реагира на новонастанатата ситуација на север на Косово каде што повеќето живее српско населени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk